We’ve updated our Terms of Use to reflect our new entity name and address. You can review the changes here.
We’ve updated our Terms of Use. You can review the changes here.

neverAmore!

by Martix

/
  • Streaming + Download

    Includes unlimited streaming via the free Bandcamp app, plus high-quality download in MP3, FLAC and more.
    Purchasable with gift card

      $5 USD  or more

     

1.
neverAmore! 03:03
Сакаме луксуз – збираме кич Дома нема разбирање ич Јазици жилет, не бираме брич Но се сакаме јавно, од страв на народен линч Каде камати се трупаат, врати лупаат Срцата се само мускули што крв пумпаат Кога трпи стомакот, трпи бракот Љубовта во банкрот, срцето го црпи мракот Во грдо менува облик, црна станало птица Насмевка бега од лик, вампирски љубовта цица Само празни тела, мртви од внатре - грото народ Ладни ко смртта се движат по тротоарот „Сто години самотија“ во градот суров Во време на колера,водиме љубов без љубов Ако некого љубиш, ќе бидеш згмечен на плоштад Тие ќе останат овде, џабе им сечете крошна Граден кош за гнездо, каде спие гавранот мрачен Ладен нож е клунот, пие љубов в срце рие алчен Таа злокобна птица, иста ко во песната Ќе ми се вгнезди во гради штом да љубам ќе престанам Луѓе во црнина – чеда на птиците мрачни На љубовта џелат, за криците алчни Прават да нема радост, на листот да нема збор Наши срца во хор да вриштат neverAmore Љубов е песна, долго ја анализирав Да свири добро платив скапо, болот го канализирав Да не ги убијам, да нема лешови Се затворив во кутија, па живеам од флешови Барам компас за надвор, тло за рамнотежа Носам пораз срамно врежан и крилја што само тежат Сакав да лебдам, ти биди ми Беатриче Но љубов е убиец, ниеден на неа сличен Подобро в темен гроб тела од сафра во лимбо Каде е времето џелат, каде гавран е симбол Таму мртва е љубов, а туѓо срце е трофеј Не се свртувам назад, нема да згрешам ко Орфеј Ако сега те пуштам што ли ќе остане после Но те стега штом гушкам, гледам но станувам послеп Бараме трошки на подот дур е во собата слонот Во јаве бегам од мисли коишто ме дробат во сонот А бевме најдобра песна, од крајот плачат и глувите Мислев посилни ќе сме, светови под пазувите Цветови по суви образи, од љубов полетен Но само мртви цветови... по снегот суров пролетен Кажале приказна старци, во глава се зашило Да постои љубов, мора да постои страшило Да го чува полето плодно, птиците да се плашат За други љубовен нектар... за него Прашлива Каша
2.
Мислев сум создаден за работи кои глупи сe Фрли го ѓубрето Мартин, мислев се викам купи леб Штрчејќи во групите без разлика на возраста Најдобро си играв сам со мозокот кој создава Можев да измислам сѐ, ликови кои не постојат Нивната игра проѕирна - мојата стослојна Во војна со умот, кој и денес не е поблаг Се плашев мисли да не ги пишува во стрип облак Болно дробат, непознатото ме гребеше Во мојата соба која детска никогаш не беше Мисли се бегство, лутав по млечни патишта Детство во туѓите износени алишта Но ја голтав реалноста, нудеше каша прашлива Сркав и молчев, но морав да напишам ! Да измислам машина за да не ги плашат пак Моите дома со закани лоши за уво ко клавир раштиман Моли за љубов каде немаштија маршира Претесен кафез а крилја, морав да раширам! Велеа: следи го сонот, живеј го секојден Но во синџир пеколен за да е секој плен Кашата невкусна, сега е повеќе густа Во уши наши од нивна уста зборови без чувства Така нѐ касапат месари зад катедрата Влези внатре, но остави го мозокот пред врата Бегам од светот и ги кревам едрата Водам љубов со сирена која има мед на бедрата Порција полна, за толпа наша плашлива На која вкусот одвратен е навика Која мрази да голта каша прашлива Но ако остане за дома им го завиткај! Нема избор, оброк никој не одвраќа Гладта е страшна, прво јади па повраќај Најдолу на пирамидата што ја направија Оние кои на врвот стрвно јадат кавијар! Има многу начини каша да чини зачини Помеѓу толпи мрачни, мораше мојот да зрачи лик Маченик при избор меѓу стих или сон Да ја најдам вистинската помеѓу грешни милион (мислата.) Кога ја нема сум ситен, а болот стален Но кога стих врз лист е тогаш сум колосален Доаѓа доцна па панично лист барам Со љубов каша варам брзам мисли да не испарат Сакам да сум повеќе од име на некрологот Запаметен ко ретро лого, нешто ретко добро Не сакам храна на гробот, разделете го лебот Сакам стихови од Бодлер и слушалките во џебот Зошто можеби се патува пешки Звуци се пожелни, мислите ми се тешки Смешни сте ако мислите смртта крај е навистина Таа е длабок сон, а животот е песна приспивна Бегам од сцена потресна, во уши свири „Словенска“ Каде што одам...кашата прашлива, каша е овесна
3.
Никогаш бизнис, со стихови бил платен beat, Носам камени плочи, дур прават златен бик Но да е сфатен стих, тивко ќе се срони брегот Нека дојдат со нас ако не носат со нив его Сонив трон на врвот небесен, бесен бев, нечесен Сам наспроти толпа што ме сака пресечен Од тогаш анти звуци плитки, успех сезонски Против жртви на циркони, брзи светла неонски Блудници реонски, го гнасат идеалот мој црвен Го красат на ѓаволот балот, но тому сум здрвен Не играм ко што свират, за да чист е образ Намерно кршам правила, ако лист е одраз Мојот врв е невидлив за окoто на штампа жолта Тој што слуша нејќе помија, туку знае што голта Ако врв е неценет, нека остане таков Штом е ценет веце текст, а на честа прават закоп Не градам театрален успех, режиран со небулози Садам зборови на сцена, некогаш да никнат рози Нема недостижен врв, само уморни нозе Подобро дното во крв, од врвот шминкано розев Стапала стврднале боси, дур газат обилен снег Тие не мрднале чекор, а горе добиле сè Ако сум денес во гробот, барај ме утре во зборот Бараат соба на кровот, а прават ѓубре во дворот Глувци слават со оро, се дур е мачето ќоро Луѓе да купиш ќе мора, да не се глупи во хорот Дајте перници спијат, публика убило чума Ветерници бијат, емсиња лудило глумат Во торба се кријат, штом има творба за гатање Ми требаат глави за борба, не глави за клатење Подарив оган, од богови го зедов судијо Донесов Факел, штом дознав студи во студио На секого да свети лик, да биде звукот светилник Морнари изгубени во бурата од snare и kick Но од створови валкани сцена трула Ако се зборови алтани, за нив цената нула Самопрогласени кралеви, ќе ги симнам од тронот (или јас) или ќе оставам да ги изеде Chronos
4.
Дур спие сѐ во ноќта, сум вампир од Salem’s Lot Градот празен, будни јас и комуналецот Газат даски, карактери маски балски Го чуваме утрото, само јас и песот маалски Кон дома, секоја улица дала болка Овде сум преголем бисер, но во премала школка Во колективен отпад и тој што платинаст е Велат: мртва младина сте, нема вечно млади да сте Ја крадат младоста, ја јадат како карциноми Секој сака да си оди... ти сакаш да си со нив Градот е црна хроника која ја листаме Од весникот глупав ко старци на клупа што виснале Ко Споменикот на Слободата се распаѓаме Овде треба да е химна од Anna O. – Паѓаме Од раѓање во гради ко да носиме мразулци На смртна постела граду, те молев да се разбудиш Овде се научив да мразам, ти ме научи да љубам Често војувам со тебе, а најчесто губам Под црно небо од птици и досада што свила град А староста гнила духот ни го скрила млад Парадира малограѓанштината со шинат врат Прескап е аплаузот - царува тишината Полни се сепарињата, кафичот и казината Џганот e на бината, за украс стојат кината Откажи се од надеж - фатиле бигор порти А Кочани се вкочанил пред својот rigor mortis А тетките мислат стихови се eптен сиви Не би мислеле без своите анти-депресиви Граду, ме боли кога ќе те видам ниско Исто ко „Осогово“, блиску до дно во Лига - Исток Ниту сум те висок, но те виделе постарите Во друго време каде не те движеле со парите Немаш шанси , овде си бебе мртво родено Секој ден битка со себе, мозок грдо родео Јавам црни мисли, пречесто ме фрла бикот Те сакам граду мој, но мразам како ти го грдат ликот Овде се научив да мразам, ти ме научи да љубам Често војувам со тебе, а најчесто губам Под црно небо од птици и досада што свила град А староста гнила духот ни го скрила млад
5.
Гледај во души преку прсти, не барај тоа што нема Не отварај уста празна ко пештера цела Уште е беда, сите запрепастени во неа Психопатите на смена, болката наш колега Се уште ладно, тешко на нога да стапнеш Оваа провинција нуди пречек ладен ко зимски бакнеж Улици празни освен толпата скитници Гладни ко песови со растреперени вилици Будно следат како од уста се вади лебот Цврсто го стегат џебот, едвај имаат за него Џабе его потврдуват сите скинати патики Од кожа вадат многуте себични навики Главата горе, да видиш колку е задимено Остани буден да се сетиш на свое минато Отвори очи, копај во срце на стари згради Фати го пулсот, кај сите за џабе млади Стани стари види ги своите внуци роботи Ко на игра ботови во умствените окови Неми ко камења, чуват тајната за пепелта Таа што до вчера беше, на чекор до среќата Овој град е убав како сите градови Но на плоштад место гулаби, гракаат гаврани Гнасни птици...градот мртов и е Disneyland Со гној на гласни жици, нова химна смислиле Ноќта е долга, ко Волга низ неа течам Чекор полн болка, куферот тежок го влечам Да заминам и никогаш повеќе не ве сретнам Дајте орелски крилја, кон југот топол да летнам Провинциски ладно, градот смрзнат од нашиот здив Мртви од внатре, секој се плаши од жив Дајте чаши на нив, нека голтаат болка Нека пијат ко луди, за да не остане голтка Нека мамурно ги дочека утрото тмурно Уморно војувам со листот, а им служам за хумор На плитките сограѓани, во ментален кафез Ги водат online битките и бавно пијат кафе Кое треба да ги расони од полусон, но попусто Осамен ко последното дете на глобусот Планетата за детски плач не била поглува...никогаш Затоа морам да се збогувам Ако зборот има крилја, да размениме јато Велат Quō vādis? Пред да ни се раздели патот Мракот градот пуст го бакнува по челото, вратот Но ќе воскресне ко Lazarus, градот на белото злато
6.
Kuferot 02:32
Тој добро го знае тоа: Дома си е дома... но Дома е каде студи и има празен стомак. Домот го пие влага, ѕидовите пропуштиле, после вести таткови нерви попуштиле. Мајката хронично пуши, дробови - потемни насмевки до уши, лажни ко Село на Потемкин. Тие го прават домот, домот не се прави сам, тој заспива со помисла: морам да заминам! Далеку, овде се чувствува безвучно овде можностите ти ги сечат нестручно, oвде братот ќе го продадат за посед за партиски бои убијат својот сосед. Овде дур е жив кредитот ќе го отплатува го полни проклетиот куфер спремен да отпатува... Солзите ќе ги сокрие мора да се цврсти сестра си ќе ја покрие и излезе на прсти. ќе и купи фустанчиња сто да спречи подбив зошто деца се често злобни со тие под нив. Да ја стави и неа во куферот посакува амбиции и желби тој внатре спакува, а потоа на плодно тло ќе ги извади каде има љубов домот сам ќе се изгради, но низ гради минува рана прострелна фактот дека дома татко е на смртна постела. Дојдете овде, ги моли да се отселат ,,Дома си е дома’’ велат и не можат да се одделат. Од дома стискаат палци за да успее а тој плука по земја каде ако заминеш успех е. Бегаш од гнаси накази на татковината мајката липа солзи дур ги пие татко вината. Татко вината не ја гледа во своето чедо среќен е што е среќен, горд татко и дедо. Но во очите ко некој да им истурил бибер зошто семејства не постојат да опстојат на Viber А целата држава е само голем куфер чекаме некој да не земе и не однесе во друг свет... реф. Јас сум ти пријател...те молам свести се, во мојата утроба, земи и смести сѐ! Те молам замини крилјата лесни се каде што чесни се вестите, ведри се песните. ,, Зошто ти требам ко на пијан актер суфлер послушај ме и замини....твојот куфер. ‘’
7.
Crni Mugri 03:13
Крвта ни ја пијат, вампири во костим Се хранат со човечко месо и коски Драги господине во најскапо одело Си чул ли кога празните црева пеат опело Зошто јас ги слушам кога пеат и свират Тебе ќе те викам Бетовен, ти ги компонираш Пуст да е кучешки живот, живеј како куче ,,Денови’’ е молитва пред семејниот ручек Вештачка насмевка и многу глума А лицето во грчеви – ко да чвака гума Извинете господине морав да се отворам До нашето семејно стебло сте со пила моторна Драги господине, детство и младост убиваш Па ти треба да храниш семејства, а не да уриваш Дур се храните со приборот златен Родител крши од срце за синот да не е гладен Спиеш ли мирно, во кревет мек и удобен Твојот роб не може, иако е уморен Со очи без капка вода кои зјапаат во таван А таму пишува рати, камати, долгови, аванс Во домот тонот е повисок за октава Сонот е немирен и аларм е кавга Па дете мисли дека мама не ја сака тато А љубов нема зошто денес и тоа е скапо Што знае за љубов, празниот стомак Пеперутките прегладнети, па нема мир дома Дисхармонија - малку фали за да збеснат Штом стигнува сметка за струја плукаат по Тесла Ги барам белите мугри..прости ми Рацин Но сонцето што изгрева раѓа црни зраци Ја чекаме секоја зора, ние сме будни Но овде нема белина - ова се Црни Мугри Ова е Игра На Гладните - битка до смрт Мораш да убиваш за парче леб сув и тврд Но не убиваш никој, освен себе си секој ден Но мораш - мртов е секој оној што рекол не Нашата битка ја гледаат на екран Ние сме топовско месо, под тактирачкиот чекан И додека газдите играат покер кој од работниците денес ќе падне over Тоа што го немаат, земи го алчно Орудијата кој молчат, го пригушуваат плачот Ги чуваат солзите резерва,полни гнев Кога ќе ја сопрат водата да не умрат од жед И ова не се случува некаде далеку од видик Се случува овде,во овие фирми Во нив се нашите блиски, родители и сосед И сите се жртви на капитализмот проклет Но господа, вашиот капитализам Ќе се претвори во канибализам Но кога ќе дојде моментот на криза Гладните кучиња по газдите ќе гризаат И не е штета што е празен фрижидерот Штета е...што е празен револверот Драги господине, ти биди тиранин Во твојата фирма, ќе влетам јас со динамит
8.
Постои соба за гозба обоена пријатно Ѕидови имаaт уши,па можеби кријат зло Можеби солзи и очај е измешано со варта Собата полу празна,врз масата бел чаршаф Врз чаршафот рози и свеќи за амбиент Сребрен прибор, зошто со раце срам и е Се е хармонично како гозба кај царот Свири класика, сè е во духот на барок Гостите одберени,со покана во плико А домаќинот,не смее да го дознае никој Тој ги чека,после мрачните ходници На свечена вечера,алчните благородници Во луксузен фустан и нивните дами За да нацрват усти, но не мислам со кармин Кои штом седнат на трпезата убаво сервирана Со приборот по масата, ненаситно тактираат Внимаваат на манирите, секој јаде и молчи Но муцките им крвави ко муцките волчји Еден на друг, подбивно го гледат ликот И се смеат, но без звук со нечуен кикот Во воздух чашите се кренати за дочек Здравица со вино,гозбата може да почне Приборот танцува, оброкот никогаш посен Крвта не е вода зошто таа овде сос е И секогаш во чинијата свежо месо е Но од мајчините солзи оброкот е пресолен Проклет,проклет да им биде секој залак Во устите ненаситни што не рекле фала Проклета,проклета да е секоја голтка Во устите ненаситни за туѓа болка Сити а ненаситни врз пленот без да трепнат А толку многу наивнo изгледаат на екран Толку невини во кутијата што пие ум Што затвара очи, мие крв и крие бунт А гостите овде, безбедни во таа кутија Таа крие кога лажат, крадат и ќе убијат Уредникот на вести овде удобно се сместил Масовна манипулација,контролира етер Каде црното е розево, луѓето не се свесни Пепелта мед е, продава магла и ветер До него диригентот на музичката естрада Царува блудот и силиконски Вавилон градат Се слави неморал и гревот е доблест А деца растат со песни од божици во спотот topless Се убива разум, за мозокот да е нивен Ко госпоѓава од системот едукативен Воени херои кои не влегле во ровови Туѓи тела им се успех, ордени се гробови Јавно се мразат, тајно браќа, а нема братство Но поголем убиец е министерот за здравство Лекот е пет пари, за сиромашните петсто Некој пресадува срце шесто - некои никогаш немаат детство Правдата е слепа, балансот на терезија Го прават... обесправените што се обесија Проклет,проклет да им биде секој залак во устите ненаситни што не рекла фала проклета,проклета да е секоја голтка во устите ненаситни за туѓа болка На гозбава и крволочните убијци-министри Поделбата е лоша затоа се сите исти За тоа овде лакомо гнети лешинарот Со хартија и потпис во окови стави народ Данок со крв постои - доказ банкарски систем Со крв плаќа народот штом каматата ќе стисне Платите доцнат, фината госпоѓа зад шалтер Повеќе не е насмеана, гледаш лице од малтер Апатија, болката никогаш не ја сфатија Оперирана од емпатија цела аристократија Кујната хорор, од храната пискот И јас и ти сме овде некаде на нивен список Спортисти, уметници, воени дезертери Музичари, критичари, но и слепи волонтери Марионети во конци на манипулаторот Гледаат во злото месија, спасител во диктаторот Браќа и сестри! Штом сме на нивното мени Легни им сам во чинија, речи им Bon Appetite Биди им цијанид, нека плукаат горчина Солзи да мијат лик, во сопствена крв – починат Пак ќе се вратат, но пак ќе бидат убиени Исто како и ние, изедени и испиени Никогаш не губиме, но ниту победуваме Домаќинот сме ние, кога им се покоруваме
9.
Здодевна вечер полека тонам во двоседот Неволја – сигнализира од носот осетот Врева кај соседот, нарушен комфор Нога на врата, лице на подот и кон фронт Кратко шишан, построен мирно, покорен Егзекуција на чувства, исечени од корен Трупот отпорен, дожд , студ и кал на чизмите Трула храна, зајакнати организмите Машини за уништување, без страв ко buffalo Без страв од смртта трчаме право кон рафалот А никој не прашува зошто? И нема затоа Наместо одговор удар по усти - да се затворат. Мразев да сум овде, стануваш камелеон Се раѓа стрв за крв, пријател мртов и запален дом Ме зедоа - плачев дур солзи не пресушат Но куршум бакнува чело...ти ако не слушаш. Штом убиле разум.....покори се пред нормите Шлемови носат глави, нѐ облекле униформите Борбите во тек се, а јас изгубен во трет свет Живот ми виси на конец , ама ти си ми пред сѐ Свири тажен d-moll, под шлемот на демон Черепот се отвора за мозoчен ремонт Умот се програмира, зло да бира Па без трошка совест, човек е ликвидиран Лежам во ровот дур над глава рафал коси сѐ Со лицето во калта сум, но ти мислам на косите Недостига прамен, мек ко свила и кадифе Те мислам...кога сите си мислат на главите Ќе ми те извадат од мисли, ако череп испука Ја молам калта да ме голтне и кај тебе исплука Ја мразам војната од тебе ми те одзеде Уште еднаш да те видам, макар останам без нозете Чинот грозен е, но така ќе сум слободен Мртов или тешко оболен, ранет ил прободен Твојот кожен тен го барам за мимикрија Сакав да пишувам за љубов, а злосторства прикријам Херои лажни се, сѐ е илузија Херојска крв во вени е со помош на трансфузија Илузија во прав, што морав во нос да ја вдишам Да не постои страв да пукам штом имам на нишан Па во цивили и невини пукам ко да се макети Дур полнат пакети, војна е бизнис, маркетинг Профитот нивен, ние сме месо топовско Нас нѐ купуваат со ордени и топол збор Ден на Хероите и мала бедна пензија ТВ репортажи кои се бензин на тензија Па липам в мрак, те љубам на сликата Ми фалиш ти, нашиот град и клупата под липата Излегувам од ровот гневен и ја стегам пушката Ме гушка мрак и чувствувам ме пушта душата
10.
Јавето со предмет остар ми уби сон свири post-punk го пијам кафето утринско Поспан се облекувам, сонцето се провлекува Излегувам... треба нешто што мисли одвлекува Во ходникот ме чекаат туѓите патики Поклон од пријателот, братски тим за чад и стих Мислев светот магичен само постои врз хартија Универзумот на Stan Lee или ормарот од Narnia Штом првпат патики од мојот пријател Ги облеков смрзна крвта, сфатив свет кријат цел Штом ги облечам, сили ќе ме одвлечат Во неговата куќа раскошна, а мојата трошна, просечна Повеќе не постојам физички, нема месо и коски Неговото тело е костим, мојата душа е гостин Лесно се празни џебот, полн туѓа валута Mагијата дур не исчезне, одлучив да лутам Велеше можеш ли да сфатиш? Велев можам да Но не сум можел се дур не сум бил под кожата Штом првпат станав ти, посакувам бегства Да видам свет од туѓи очи и го претворам во песна Ко девојка шминкано среќна, лажна идила Од надвор прекрасно мила, од внатре прегнасно гнила Од височини паднав, па пуштив прекасно крила Видов болки што душата безстрашно скрила Гордост главата свила, тагата гостинка честа Останав сам, штом ќе престанам да честам Вез срам... Од туѓите очи плачев тајно Гледајќи порази на таванот ко Slide Show Видов блиските земаат сè, а ништо нудат Со години по образот бакнувал Јуда Започnам да скитам, размислувам мизантропски Кон домот каде итам, осаменост гриза коски Мислев празни соби ретко болат, еднаш имав Таму леш во метропола, овде cash машина Сфатив млекото е црно, а медот е пелин И дека секогаш е тежок патот во туѓите чевли Велеше можеш ли да сфатиш? Велам можам да но не сум можел се дур не сум бил под кожата размислувам за бегство, дур гледам во ходник патики за кои знам, дека и пекол горел под нив Штом твој патики, носам на стапала Заедно на патот, дур табани не се запалат Тука јас сум братот, таму те чува твојот пес Не си сам, дур постои овој текст
11.
Мудрост открив млад, небото не е само покрив над Зашиени платна кои прават покривка Различни неба, работ до работ, братски Некаде пламени краци, некаде град сив Каде што валкан е народ, валкани платна Не спие небо ко мајка, бдее дур талкаш низ магла И често плаче дожд, за свои синови Молат да нема куршуми во цевки гранки маслинови Небото виновник, нагоре посочен прст Војна за симбол, месечина - восочен крст А ако постои нешто, одамна нè напуштило Огледало на души сто и царство што се срушило Затишје по бура, бура после затишје Нема да се плашиме, платно пак ќе се зашие А ако мојот облак од небото има процент Ќе нацртам насмевка, нека се нацрта сонце Мојот облак проектира мисли како џебно кино Врз платно сиви облаци, па барам небо сино Но, умот прави лавиринт, па ставил алчен ѕвер Моите клавири со тонови сиви, небо над Манчестер Движам со мрачен snare, мижам од jazzy hop Во закрила на битот џабе нишани презирот Штитот соборува стрели, погледи ножеви остри Можеби костим од челик - спас e од моржеви прости Зошто ако стигнат и до моето платно Небо ќе обојат матно, растажат сонцето златно Нивниот смог го гуши облакот и не дишам Ќе падне вечна магла, посилна од сите ветришта Со тешки облаци, празни луѓе полни седишта Сме грешни облици, сме само болни сеништа Но барам процеп...да се сруши нивниот концепт Дај ми насмевка да нацртам врз сивило - сонце Еј платно алово, каде ги губиш краците Сум млад во талогот, некој ти ги убил зраците Купил кукли дрвени, од рацете на зол Џепето Сини и црвени...стара бол а ново длето Небо од бетон, каде што носот е Господ Хаос е внатре во космос, Пиреј е обичен троскот Којшто силува простор, ништо полезно, битно Изникнал диво полн гордост, злостор над полето житно Тогаш криза е, суша, немаме зрна во амбарите Гризаме душа место лебот, со рака црна од парите Го полнат џебот, под небо различно Бараме превод..од актери што плачат пластично Но мугрите на Рацин, со стихови ќе срушат синџир Зад планините ќе никне ново небо како син џин Во калап ‘рѓав, ново сонце ќе се излие Ќе свети силно...но прво овој дожд сè ќе измие
12.
Чекорам сам во градот, облакот надвиснат Те чекам дожду, улици да се накиснат Измиј ја зависта, гневот, стравот и правта Сè да се измие, за да тргнаме по прав пат Биди правда за таткова испукана кожа За хероини мајки срца што чука да можат Нивните млади да будат оган во гради Бидете достојни деца, носете борба во глави Создади среќни и сити под кровот на столчен брак Измиј ги сите кредити од ново да почнеме пак Исклучена струја мајчини солзи ме поразија Брзав кон дома - најдобар состав во гимназија Во ред е мамо, овој дожд ќе измие сè Како да помогнам само кога лист ми е леб Но стихови се криви што знам болка да истрпам Ветувам по ѕидини сиви дека сонца ќе исцртам Чекам да дојде овој дожд што сè ќе измие Сонце ќе се извие штом птицата изгние Измие удари ниски, чува другари, блиски Наместо neverAmore, љубов да потече низ нив Дожду победи суша, танцувам ја молам Додола Во река од спомени мора да пловам со гондола Дај ми сила за песна што ќе ги дирне до сржта А кога одат кон бездна, да бидам Ловец во ‘Ржта Стапала цврсти ќе бидат, улици пак ќе се газат Високо нека те видат, исправи се Лазар Избисти мисли, исчисти внатрешно ѓубре Апчиња испи, избра да безнадежно умреш Сечиј товар е тежок, ти вреќа претешка зема Плови со умот кон среќа за мисли решетка нема И надвор е затвор, луѓе се тие што фалат Те чекаат дома, твои слики скриено галат Oстанува тага штом Харон ќе те земе со брод но ќе се сретнеме Драган, таму во небесен сквот Па ќе паднам ко дожд за да го измијам градот Пак да ве допрам по лице, немој да носите чадор Ќе паднам со овој дожд што сè ќе измие За да те бакнам скриен во капки што ќе ги испиеш А штом ќе одам не ме жали ко Стив Наумов Само напуштив тело и конечно ми стивна умов Врежани места и луѓе на срце, а не цена Не ќе слушневте песна ако немав мецена. Блиски ме чекаа за албум ко да ми е Годо брат Бев млад и голобрад, но со цел да никне гордо град Го имав листот, тие партии од средно Не сме исто, не збори за хартии од вредност Не сум судел по џебот или кожниот пигмент Туку до добро штом стигнеш, носот дали ќе дигнеш Не ќе бев овде без тим, дим што влечеше споро Гласно ечеше хорот, врз beat дур течеше зборот Почна прво од семка, сега дрво со сенка Дрво на живот со плодови штом зад грбот е Менка Луѓе нуделе вечност, а само кампери биле И насмевки нивни како за вампири шилец Силен само зборот е, простив за ножот прободен Околу огнот оро веј и пеј за дождот пороен

about

„neverAmore!“ е првиот соло албум на Martix после заедничкиот албум „Стихилизам“ - Стих Наумов ( Martix, Vlax, Fundament).
Албумот содржи песни кои се правени подолг временски период. Конечно својата финална верзија за објавување ја добива во 2021.

credits

released September 15, 2021

Луѓето кои несебично вложија време, труд и емоции и без истите „neverAmore!“ никогаш немаше да постои:

Инструментали: Ангело Николовски – 1,6,10, Стефан Меновски (МЕНКА) - 2, 3, 4, 9, 12,
Васко Велков - 5, Ристе Иракоски – 11, Борис Герасимов, Емил Милев, Ангел Арсов – 7, 8.

Вокалите се снимeни кај: Трајче Цветковски, Сашко Давчевски и Дејан Јефремов ( Space&I).

Цртеж: Нора Дамјанова. Графички дизајн: Пучо (Brainluft)

Голема благодарност до: Никола Станишков, Михаил Стojaнов, Teoдора Василевска , Кирил Стоименов (Vlax), Коста (Бомер), Драган Тодоровски (DJ Drazi Drags) и сите оние кои во периодот на создавањето беа морална поддршка и причина за албумот да стигне до својата замислена цел.

Mixed by: Јан Магдевски (JanZoo).

2021

license

Some rights reserved. Please refer to individual track pages for license info.

tags

about

Martix Kochani, North Macedonia

X

contact / help

Contact Martix

Streaming and
Download help

Report this album or account